Гардијан: Во Македонија се произведуваат италијански чевли за ужасни плати

by fokus

Една вознемирувачка студија тврди дека работниците што ги произведуваат луксузните британски брендови земаат ниски плати и работат во лоши услови. Една од земјите во кои се прават чевлите е и Македонија, пишува Гардијан.

-Работниците во Македонија каде што надницата е ниска дури 46 денари на час, рекле дека биле носени во болница во колички откако се онесвестувале во студените фабрики каде што морале да работат со силни хемикалии. „Ако работодавецот треба да заврши, да речеме, нарачка од 9.000 пара чевли, тој ќе стави 90 пара на лентата, па дури и ако сакаш да умреш, мора да ги завршиш“, им рекол еден работник на истражувачите што го правеле извештајот, насловен Труд за минималец, пишува Гардијан.

Една македонска фабрика, која ги произведува обувките „Геокс“, плаќала незаконски ниски плати во износ од 8.000 денари (131 евро) месечно, сосе прекувремената работа. Законскиот минимум е 9.000 денари (145 евра) без прекувремената работа. Геокс не одговорил на барањата за коментар.

Производителите се во можност да ги искористат предностите на една мрачна европска законска дупка позната како „шема за надворешна обработувачка трговија“ (ОПТ). Според правилата, компаниите ги сечат деловите за чевли во една земја, пред да ги извезат во економиите со ниски плати, каде што тие се составуваат и се шијат. Тие потоа повторно се увезуваат во земјата од која потекнуваат, без царина. Готовите чевли потоа може да се етикетираат како да се направени во земјата од која потекнуваат.

 

Поврзани новости