СДСМ бара надзорна расправа за утврдување на пропустите при поплавите

by fokus

Пратениците од СДСМ денеска упатија барање за Надзорна расправа до Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство во врска со Примената на законските и подзаконските прописи во областана заштита од поплави и хидрометеоролошките работи.

Тие бараат Собранието во најбрз можен рок да организира Надзорна расправа на која пратениците ќе ги утврдуваат пропустите кои институциите и органите на власта ги направиле во делот на заштита од поплави и со тоа предизвикале огромни штети врз населението.

-17 дена после поплавата од 6 август, ниту една институција не презема одговорност за страшните последици. Ниту еден орган, ниту еден функционер, ниту еден политичар од власта не ги извести граѓаните кои се причните за настанувањето на поплавата и зошто не беа спречени огромните штети по животитe и имотот на населението, рече Панче Орцев, пратеник и претседател на собраниската Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Тој додаде дека институциите работеле спротивно на законите во областа на хидрометеорологија и заштита од поплави и со тоа донесоа хаос во животите на населението и одговорност за тоа мора да има.

Поврзани новости