611
Британскиот весник „Гардијан“ го отпушти својот карикатурист Стив Бел по повеќе од 40 години работа поради „антисемитска карикатура“ на Бенјамин Нетанјаху.
Бел изјавил дека весникот „Гардијан“ го отпуштил поради карикатура за која е оценета дека е антисемитска, пренесува Н1.
-Ми беше кажано дека повеќе не се подготвени да ја објавуваат мојата работа по карикатурата на Бенјамин Нетанјаху – изјави Бел за британските медиуми.