Гардијан објави прогноза дека „Медена земја“ ќе освои оскар за најдобар документарец

by Фокус

Етаблираниот британски дневен весник „Гардијан”, ги објави прогнозите на својот авторитетен филмски критичар Питер Бредшоу во врска со номинираните кандидати за Оскар.

Според Бредшоу, во категоријата за најдобар документарен филм победникот ќе биде „Медена земја”.

Во однос на другите категории, пак, филмскиот критичар прогнозира дека златната статуетка за најдобар филм ќе ја освои филмот на Сем Мендес „1917″, за најдобар актер оскарот ќе го добие Хоакин Феникс од „Џокер”, а за најдобра актерка Рене Зелвегер за „Џуди”.

Поврзани новости