Македонскиот репрезентативец Костов освои бронзен медал на европското првенство до 21 година

by Фокус

Македонскиот репрезентативец Бојан Костов освои бронзен медал на Европското првенство за кадети, јуниори и постари јуниори – У21 што се одржува во Будимпешта.

Костов во унгарската престолнина до медалот стигна по пет победи и еден пораз во категоријата кумите – 57 кг.

На евро-шампионатот, од другите македонски каратисти, забележителни настапи досега имаа Стефан Стојановиќ во категоријата кумите јуниори -70 кг. и Матеј Белистојаноски во категоријата кадети -52 кг. со освоени петти места.

Поврзани новости