Британскиот весник „Гардијан“ го смени насловот на интревјуто со македонскиот премиер Никола Груевски, откако тој изјави дека тоа не е негова изјава, туку новинарски коментар. Првичниот наслов гласеше „Македонија е подготвена да го смени името за да стави крај на 24-годишниот проблем со Грција“, а новиот наслов е „Македонскиот премиер е отворен за дијалог во врска со промената на името за да се стави крај на 24-годишниот спор со Грција“.
Премиерот Никола Груевски претходно реагираше дека насловот не е негова изјава и дека ќе реагира и до британскиот весник.
-Такво нешто не сум изјавил. Ние ќе реагираме и до „Гардиjан“. Тоа се гледа и од самиот текст каде што очигледно е дека се работи за новинарски коментар, а не за моја изјава. Тоа е кристално јасно, рече Груевски.