493
Во текот на вчерашниот ден, полицијата сузби организирана група која вршела сериозен криминал со културни наследства. Меѓу групата се најде и таткото на режисерот Јани Бојаџи.
На ваквата постапка на полицијата, се огласи и поранешната министерка за култура, Ганка Цветанова, која според неа, на ваков начин се оцрнуваат луѓе и цели семејства.
„Не наседнувајте на соопштение на МВР за апсењето на таткото на Јани Бојаџи! Типично УДБАшка метода за оцрнување на луѓе и цели семејства. Сетете се дека и Ченто бил уапсен пред својата куќа а тогашното МВР соопштило дека го уапсиле на границата при обид за бегство во Грција!“, напиша таа на својот Твитер налог.