Зоолошката градина Скопје во 2020 година влегува во Eвропската асоцијација на зоолошките градини ЕАЗА. Минатиот викенд во Шпанија, во Валенсија, се одржа годишната конференција на европски зоолошки ЕАЗА.
-Нас уште на почетокот цел ни беше што побрзо да имаме европска зоолошка. Работиме напорно бидејќи да бидеме членки на ЕАЗА е голем престиж. Нашата делегација се врати со позитивна вест. Европските членки одлучиле во 2020 година скопската зоолошка да има скрининг и да биде прва од балканските зоолошки која ќе влезе во ЕАЗА. Посветено работиме на условите што ни ги поставува Европа. Носиме нови животни, реновираме живеалишта, работиме на безбедноста на посетителите и животните. Моите очекувања беа до 2022 година да успееме, но ако не примат во 2020-та тоа ќе биде огромен успех и Скопје ќе има зоолошка под звездата на Европа, изјави директорот Галетановски.