Арсовски: Власта врши прогон кон медиуми, среќна нова 49-та!

by Фокус

Денес, во моментите кога се одржуваше протестот против кривичен и политички прогон кон новинарите и медиумите кои се критички настроени кон власта, ОЈО и полицијата влегоа во уште еден медиум кој не им е под контрола на СДСМ и Зоран Заев и ги тероризирале новинарите, изјави портпаролот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

-МВР вршеше претрес во медиумот „Нет Пресс“ заради објавен скандал каде што има сомнеж за сериозен криминал. Каква перверзија! Очигледна е намерата на власта да ја спушти завесата пред јавноста и да ги замолчи медиумите и новинарите вршејќи им кривичен прогон. Среќна нова 49! – рече Арсовски.

Тој додаде дека власта преку ОЈО и УЈП врши и кривичен и политички прогон и кон други медиуми.

-УЈП ја тероризира и пречи во функционирањето на телевизија Алфа наназад одреден период. Власта на Заев врши кривичен и политички прогон кон уредништвото на „Инфомакс“ и уредникот Александар Митовски. Власта на Заев врши кривичен и политички прогон и кон уредништвото на порталот „Лидер“ и уредникот Љупчо Златев – посочи портларолот на ДПМНЕ.

Според него, овие медиуми и новинари се таргет затоа што, истакна тој, ја изнесуваат вистината за криминалот на власта.

Поврзани новости