Премиерот Зоран Заев и српскиот претседател Александар Вучиќ денеска се сретнаа на граничниот премин Табановце-Прешево, каде најавија дека ќе започне да се применува заедничкото гранично управување или проектот „One stop shop”.
Со овој проект, кој е во финална фаза, се очекува да се скрати времето на царинење и на контроли, така што со едно застанување на заедничка испостава ќе се преполови времето на чекање на граѓаните, превозните средства и стоките.
-Овој концепт за првпат ќе се применува на овој граничен премин, со Република Србија – рече премиерот Заев, кој се заблагодари на Светска банка која преку Меѓународната финансиска корпорација ИФЦ, го поддржува ваквиот проект.
Вучиќ, пак, рече дека заедничкото управуавње ќе го скрати времето на поминување, бидејќи на исто место ќе се извршат сите проверки од царински до ветеринарни.
– Ова е од особено значење и за двете земји и за стопанската активност и за туристите. Би рекол дека ова дополнително ќе ги поттикне луѓето да го користат овој премин, да поминуваат низ територијата на нашите земји, многу побрзо и многу поедноставно – посочи тој.
Фото: Томислав Георгиев