2K
Денеска во трговскиот центар „Рамстор“ во Скопје се отвори првиот ексклузивен продажен салон на италијанскиот бренд за накит „Rebecca“.
Брендот „Rebecca“ е сопственост на „Industrie Testi S.p.A. од Фиренца, иноватор во областа на индустријата за накит. Со мрежа од над 1.500 продажни места низ светот, во регионот, после Љубљана и Загреб, Скопје е новата дестинација.
Продажниот салон во Скопје официјално го отворија амбасадорот на Италија, Карло Ромео, а како специјален гостин за отворањето во Скопје беше Ребека Тести, по чие име се води италијанскиот бренд за накит.
На отворањето беа присутни многу гости, личности од јавниот свет и секој од нив имаше можност да го разгледа преубавиот накит, кој за првпат може да се купи и во Скопје.