ГАЛЕРИЈА Владата го пушта во употреба автопатот Демир Капија – Смоквица по 6 години изградба

by Фокус

По шест години изградба, денеска, во присуство на премиерот Зоран Заев, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, евроамбасадорот Самуел Жбогар, ќе биде пуштена во употреба автопатската делница Демир Капија – Смоквица.

Во рамки на автопатот ќе функционираат две патарини – една кај Гевгелија и една кај Демир Капија, како и контролен центар кај Неготино, од каде ќе се набљудува сообраќајот.

Инаку, новите 28,2 километри автопат ја чинат државата 270 милиони евра, од кои 107 милиони евра се обезбедени со кредит од Европската банка за обнова и развој, 130 милиони евра од Европската инвестициска банка, 45 милиони евра од ЕУ, а 6 милиони евра од домашниот буџет.

Автопатската делница ја градеше грчката компанија „Актор“, за која СЈО почна истрага во врска со тендерот за реалзиација на проектот, како и за извлекувањето големи суми пари од вработени во компанијата.

 

Поврзани новости