Утре во соседна Бугарија ќе се одржат локалните избори 2019, на кои ќе се избираат општински советници, градоначалници на општини и градоначалници на месни заедници.
За општински советници се пријавиле дури 29.515 кандидати, за градоначалници на општини 1.254 кандидати, а пак за градоначалници на месни заедници 5.059 кандидати. Во Софија, Варна и Пловдив ќе се избираат и градоначалници на реони, а се пријавиле 460 кандидати.
Рекламните материјали со кои кандидатите се обидуваат да ги придобијат гласовите на граѓаните се многубројни, а нашите соседи решиле да направат фото албум со најурнебесните плакати.
На социјалните мрежи во Бугарија веќе се споделува албумот насловен ,,Изборни дебили 2019”, на кој може да се видат дел од амбициозните потенцијални советници и градоначалници кои на народот му ветуваат подобар живот. Естрадни личности, старлети, бодибилдери и луѓе со најразлични професии се на листите со кандидати. Според гласачките списоци, право на глас имаат 6 227 901 лице.