688
Мора да продолжиме по правиот пат, не смееме да скршнеме од него, тоа е наша заедничка задача, порача вечерва лидерот на СДСМ Зоран Заев на Централната трибина во Скопје.
-На 15 јули да не бараме изговори дека не зависи од нас, зависи од секој. Буквално од секој полнолетен граѓанин на оваа наша земја. Патот се чува, но и патоказот и правецот се дава. Се дава исклучиво од вас граѓаните – порача Заев повикувајќи ги граѓаните на масовна излезност на 15 јули.
Осврнувајќи се на понудата од опозицијата, Заев порача дека таму нема ништо освен црнила и негативна кампања, без реална понуда за граѓаните.
ФОТО: Томислав ГЕОРГИЕВ