878
Симпатизери на опозициската ВМРО-ДПМНЕ почнаа да се собираат пред Владата, каде за неполн час ќе започне долго најавуваниот протест против власта. Пред Владата е поставена и голема бина, на која ќе се обраќаат партискиот лидер, Христијан Мицкоски и уште неколку функционери од опозициската партија.
На протестот освен на бината, засега не може да се забележат партиски обележја. Собраните граѓани со себе ги носат државното знаме и знамето од Кутлеш.
Поддршка на протестот преку Фејсбук дадоа и поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, како и пратениците Илија Димовски и Антонио Милошоски, кои не се согласуваа со изборот на Мицкоски, а не влегоа во ниту едно работно тело на партијата.