(ГАЛЕРИЈА) Слобода за Мукоски и името не го даваме

by fokus

Попладнево е блокиран центарот на Скопје поради блокадите пред ЕУ Инфо центарот на Скопје главно од роднини на притворените за насилствата во Собранието на 27 април.

Од Вевчани најголем дел поддржувачи на притворениот пратеник Крсто Мукоски пристигнаа со автобуси пред Соборниот храм. Носеа и маички со неговиот лик и натпис: Слобода за Мукоски. Имаше и транспаренти „Je suis Krsto“.

На демонстрантите им се придружија и тројцата пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, Димовски, Милошоски и Вељановски, а покрај за ослубодување на притворените, демонстрантите протестираат и против промена на името.

 

Поврзани новости