ГАЛЕРИЈА: Скопјани со елка од луѓе денеска се борат за Гинис

by Fokus
Плоштадот „Македонија“ денеска е местото каде што скопјани, пред се децата ќе се обидат да постават нов Гинисов рекорд за најголема новогодишна елка во светот направена од луѓе.

Формирањето новогодишна елка од луѓе, како што соопштува Град Скопје, е дел од програмата на „Винтерленд“, на настанот е присутен и градоначалникот Петре Шилегов.

– Настанот е збогатен со музичко-забавна програма, а за доброто расположение на учесниците грижат Бени Шаќири и „Нонстоп“ , велат од Град Скопје.

Во моментов, најголемата елка од луѓе според Гинис е направена во Индија, во 2015 година, со 4.030 учесници, а утре и Скопје ќе се обиде да влезе во Гинисовата книга на рекорди.

 

 

Поврзани новости