Богоевски: Не можев да спијам за време на Шарената револуција, имав панични напади

by Фокус

Проблемите со здравјето ќе ги носам цел живот од димните бомби за време на „Шарената револуција“, истакна екс пратеникот Павле Богоевски, кој претходно беше еден од фронтмените на ова движење.

-Кога ќе излезев на улица, на знаев дали некој сака да ме претепа или да ми пружи рака. Тоа беше тортурата со Шарената револуција што ни се случуваше за време на груевизмот. Со месеци не можев да спијам, имав панички напади. Од димните бомби имам трајни последици. Од човек спортист, сега не можам 200 метри да изодам без да се задишам. За моја среќа, немав проблеми како моите соговорници. Јас не бев жртва на режимот, јас бев голем борец и горд сум за тоа – рече Богоевски.

Тој се потсетува на крвавиот четврток кога беше внатре во парламентот, истакнувајќи: „Ни рекоа дека надвор има 200.000 Македонци кои сакаат да ве убијат. И јас верував во тоа. Сега, горд сум што Груевски е само бегалец од земјата во која живееше…“.

Ј.Ц.

Поврзани новости