ГАЛЕРИЈА Се урива барокната фасада на ТЦЦ Плаза

by Fokus

Се урива барокната фасада на Трговскиот центар „Плаза“ во близина на белата палата на ВМРО-ДПМНЕ. Во моментов на терен нема работници, но можат да се забележат урнатини од утринското рушење.

Од Центар за „Фокус“ потврдија дека немаат издадено никакво решение за уривање на фасадата.

Пред две години, овој објект доби ново барокно руво, откако градот донесе одлука целосно да ги менува ликот на објектите што се наоѓаат во близина на плоштадот ВМРО и „Карпошово Востание“.

М.В.

Поврзани новости