447
Иницијативата „За заедничка Макеодонија” одржа протестен марш под мото „Четврт Илинден” од Владата на Македонија до Собрание, за да побара отфрлање на платформата на Албанците. Демонстрантите го повикаа и претседателот Ѓорге Иванов да не му го дава мандатот на Зоран Заев. Велат дека протестите ќе продолжат и понатаму и дека ќе се борат, за како што велат, „чиста Македонија”.
Иако велат дека протестот е непартиски, голем дел од демонстрантите пред да тргнат од пред влада, поминаа покрај штабот на ВМРО-ДПМНЕ, пред кој на лист хартија, со име и презиме пријавуваа присуство.