817
Попладнево заврши поставувањето на мобилната болница која ќе биде поврзана со Инфективната клиника и со која се дуплира капацитетот за хоспитализација на заразени со корона вирус.
Болницата се состои од повеќе шатори кои се меѓусебно побрзани, а ќе има ходник со кој ќе се поврзе со Инфективната клиника.
-Во рекордно време Армијата и персоналот на Воено медицинскиот центар ја подигнаа мобилната болница која е поврзана со Инфективната клиника. Капацитетите на Клиниката за инфективни болести се удвоени. Во моментот кога ќе биде потребно, мобилната болница ќе биде функционална. Честитам на ефикасноста!, напиша на Фејсбук вицепремиерката Радмила Шекеринска.
ФОТО: Томислав Георгиев