ГАЛЕРИЈА: Парализираното куче Ото од Велес замина за Франција!

by Фокус

Беше удрен од автомобил, а потоа оставен од сопствениците еден месец да се мачи во таква состојба. Активистите од Велес, здружението „Гласот на животните“ се погрижија за кутрето на кое р’бетот му беше повреден, а задните нозе неподвижни. Го крстија Ото. И не го оставија на цедило.

Цели три месеци Ото беше затворен во една просторија, додека не се собраа средства да му се купи количка за кучиња со инвалидитет, која помага при движењето. За првпат во февруари годинава, Ото, после неколку месеци излезе на прошетка.

Конечно, се најде и семејство од Франција кое се реши да го вдоми малиот Ото! Следуваа сите подготовки околу неговото патување, собирање средства, припреми на документација, но и многу солзи радосници од луѓето кои посветија месеци и месеци да го застанат на нозе ова куче и да го направат среќно.

Ото вчера пристигна во новото семејство во Франција, кај Кристел Капитановиќ. Му посакуваме долг и среќен живот.

Во прилог можете да ја погледнете галеријата – како течеше животниот пат на Ото во последниве неколку месеци кога голем број луѓе се жртвуваа себе, дел од своето време и финансии за да го спасат настраданото куче.

 

Ото беше пронајден удрен од автомобил и оставен од газдите, врзан во дворот
Првиот преглед на ветеринар
Во ветеринарната станица кај д-р Марин Величковски
Страв во очите на повреденото куче
Ото помина месеци и месеци затворен во една просторија
Конечно беше купена количка со која може да се движи
Прошетка...
Ото со луѓето што му го спасија животот
Хуманитарна акција за собирање пари за патувањето
Со членовите на здружението „Гласот на животните“
Ото собира пари за картата до Франција
Дел од атмосферата на хуманитарната акција
Ото стана омилено куче на младите во Велес
Пријателите се збогуваат од Ото
Подготвен е за новиот дом
Ото со новата газдарица во Франција
Со новиот член на семејството
Уморен е од долгиот пат
Новото семејство на велешкото кутре

 

Поврзани новости