Само еден ден пред дуелот на премиерот Зоран Заев и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во МРТ, зградата на Македонската радиотелевизија повторно е преплавена со ѓубре.
„Фокус“ веќе објави фотографии на кои можеа да се видат преполнети корпи за ѓубре, неисчистени плочки, празни шишиња од пиво и пикавци. Се уште не е избрана новата фирма која ќе ја чисти телевизијата, со оглед на тоа што пред одреден период истекол договорот на фирмата „Бапал Благој“, која добивала неколку тендери за чистење претходно.
Директорот на МРТ, Марјан Цветковски тогаш во изјава за Фокус тврдеше дека тој е директор и не ги знае целосно техничките работи, но потврди дека во тек е избор на фирма со која ќе се потпише нов договор бидејќи стариот истекол.
До редакцијата на „Фокус“ беа испратени нови фотографии од тоа како изгледа телевизијата само еден ден пред најавениот дуел за утре вечер во осум часот.