Татко пријавил дека во автобус тројца непознати лица го претепале неговиот син, информираа од МВР.
Според полицијата, вчера А.Ч. (54) од село Стајковци, скопско, пријавил дека околу 18.25 часот во автобус број 65В на Јавното сообраќајно претпријатие три непознати лица кои биле во автобусот физички го нападнале неговиот 16-годишен син. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.