682
Доцна вечерва полицијата со оклопни возила и употреба на шок бомби успеа да ги евакуира пратениците на СДСМ и коалицијата кои повеќе од два часа беа држени во заложништво во прес центарот на Собранието од страна на демонстрантите од „За заедничка Македонија“.
Осум пратеници беа повредени, а меѓу нив беше и лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Фоторепортерот на Фокус, Томислав Георгиев, го улови моментот кога дел од пратениците беа евакуирани.