(ГАЛЕРИЈА) Марш за женски права: Правата на жените не се за преговарање!

by Фокус

По повод Меѓународниот ден за економска, политичка и општествена борба за рамноправноста на жените – 8 Март (петок), се одржа марш за рамноправност и родова еднаквост, под слоганот „Црвена линија: Правата на жените не се за преговарање“.

„Овој марш претставува протестен одраз против ситуацијата во нашата земја, против инситуционалната и општествената негрижа кон жените и девојките, тргнувајќи од растечките стапки на насилство, фемицидите, секојдневните социјални и здравствени неправди па сè до високата стапка на економска несигурност и сиромаштија кои нè засегаат сите, а особено ги погодуваат жените“, беше порачано на маршот.

ФОТО: Томислав ГЕОРГИЕВ

Поврзани новости