Вчера се одржа Агро Бизнис Форумот во организација на ПроКредит Банка. На настанот присуствуваа над 200 претприемачи од агро бизнисот во Македонија- земјоделски производители, претпријатија од прехрамбено преработувачката дејност, откупни центри, добавувачи на опрема, механизација и иновативни системи во земјоделието. Настанот ги обедини сите клучни институции и организации во агро бизнис секторот. Присуствуваа Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Г-дин Михаил Цветков, клучните лица на мисијата на УСАИД за развој на агро бизнисот, претавник на една од најголемите земјоделски кооперативи од Србија и бројни успешни македонски компании од агро бизнисот.
Пораката беше едногласна-Македонскиот агро бизнис има голем потенцијал. За искористување на истиот потребно е постојано вложување во модернизација, иновации и знаење.
‘’Како организатори сме среќни што овoj настан преминува во традиција. Бројот на присутни ни потврдува дека токму овој настан е корисна платформа на која се споделуваат искуства за она што е модерно и успешно во агро бизнисот преку домашни примери, примери од нашето соседство, па и од странство. Вака се поттикнуваат инвестиции и се делува заеднички за создавање на успешни македонски производи и брендови дома и во странство. Токму инвестициите во иновации и знање се иднината за постигнување на поголема конкурентност, поголем принос, поквалитетен производ и подобра продажна цена на истиот. Ние како специјализирана банка за овој сегмент ќе продолжиме да бидеме активни поддржувачи на македонските агро бизниси. ‘’ изјави Емилија Спировска, Член на Управниот Одбор на ПроКредит.
Министерот за замјоделство, шумарство и водостопанство Г-дин Михаил Цветков ја поздрави иницијативата на ПроКредит за и порача дека банките и Минситерството треба да работат заедно.
‘’Очекуваме дека Земјоделскиот Гарантен фонд, програмите за развој како ИПАРД 1 и ИПАРД 2 и поволностите за здружување во кооперативи ќе значат можност за окрупнување на македонските земјоделци, ќе придонесат за поинтензивна ивестициска активност за модернизација и развој на домашното производство.’’изјави Г-дин Цветков.
‘’Јас верувам дека гарантниот механизам ќе го забрза развојот на земјоделството во Македонија и ќе донесе поголем просперитет за македоснките агро бизнисмени. Како земјоделците се во можност да инвестираат во нови технологии , нивните приноси и приходи ќе се зголемат. Веруваме во одлични ефекти од оваа рамка, уште повеќе затоа што се реализра преку специјализирана банка како ПроКредит. Ги охрабрвуам сите бизнисмени да се обратат до советниците за клиенти од ПроКредит Банка за финансиска поддршка преку гарантаната шема.’’ изјави Џејмс Стајн, Директор на Мисијата на УСАИД.
Здружено полесно се прават инвестиции. Кооперациите се клучна предност за поголема конкурентност.
Тоа го потврди и Г-дин Маријан Давчиќ, претставник на една од најголемите задруги во Србија, Вочко. ‘’Моето лично искуство со нашата задруга покажа дека благодарение на задружувањето бевме во можност да реализраме големи инвестиции-инсталација на голем ладилник за складирање на овошјето и негова продажба надвор од сезоната кога цената е повисока и пласманот подобар, како и купување на машина за сортирање на овошје. Ваквите инвестиции многу потешко се реализираат индивидуално, а дополнително сите придобиваме бидејки имаме поповолни цени за набака на репроматеријали и полесно ги следиме законските и пазарните новости.’’ изјави Г-дин Давчиќ
Присутните потврдија дека им недостасуваат форми и начини на вмрежување, пристап до информации за нови технологии и форми на производство, практични искуства од кои може побрзо да се имплементираат иновации.
Форуми од ваков тип се одлична можност да се слушнат новостите во земјоделието, да се размени искуство, да се остварат контакти за соработка и да се отворат нови погледи.
‘’Во ПроКредит најдов повеќе од финансиска услуга. За нас секоја информација, споделено искуство, остварен контакт е клучена придобивка за бизнисот. Постојаното следење на трендовите не донесе до нашата иновативна инвестиција- одгледување на раноградинарски зеленук под стакленици со техника хидропоника, кој е еден од клучните фактори за наш успешен пласман на странските пазари. Ништо не се постигнува ако седиме затворени-патот до успех се светките саеми, светските пракси и градење на меѓународни контакти’’. изјави Г-дин Шапкаров, сопственик на Баџо П-Т, еден од најголемите извозници на раноградинарски производи во Македонија и добитник на наградата за иновативнни практики во бизнисот.
Иако светските трендови за органското произвиодсво се повеќе одат во нагорна линија и Македонија може да биде конкурентна на странските пазари, бизнисмените истакнуваат дека потребни се повеќе можности за едукација на персоналот, каде искуството ќе се стекнува побрзо отколку преку процес на обиди и грешки.
‘’Главниот предизвик за развој на органското производство е недостатокот на знаење за технологијата на производство и изнаоѓање на начини кои ќе овозможат конкурентно производство по цени кои се прифатливи за потрошувачите. За жал има голем недостаток на можности за едукација на персоналот и производителите локално. Пред почетокт на производсвото посветивме време на анализи и истражување, иновиравме специјална технологија на производство која користи обновливи извори на енергија и притоа ги направи нашите процеси поефикасни. Jа поздравувам иницијативата на ПроКредит за постојаниот поттик на споделување информации, новости и размена на искуства во агро бизнисот’’. изјави Г-ѓа Аница Андреева, претавник на ЕКО-ГРУП органски производител и награден за иновативен бизнис.
На настанот беа наградени иновативни практики спроведени од македонките бизниси.
Компанијата ЕКО ГРУП ДОО беше наградена за иновативност во одгледувањето на органско овошје и зеленчук, развој на органски бренд на готов производ и грижа кон животната средина преку своите бизнис пракики.
Компанијата БАЏО П-Т ДОО беше наградена за иновативност во одгледувањето на раноградинарски зеленук под стакленици со техника хидропоника и успешен пласман на странски пазари. Оваа технологија е единствена во Македонија и на Балканот.
Компанијата Бониер ДООЕЛ беше наградена за корисење на иновативна техника за ефикасно сеење, ѓубрење и прскање на земјоделски поседи со авиони кои го прави на сопствените површини со житни култури и лозови насади, а истото како услуга го нуди и на здружени индивидуални земјоделци. Ова е значаен придонес кон здружување и окрупнување на земјоделието во Македонија.
Компанијата КОРО КОМПАНИ ДООЕЛ беше наградена како модерен бизнис кој што покажал развој на препознатлив македонски производ-чаеви, зачини и оцети, развој на бренд и извозни стратегии на повеќе од дванаесет странски пазари.
На наградените претприемачи ПроКредит им овозможува деловно патување во странство за посета на модерен агро бизнис од нивната бранша каде ќе имаат можност да ги погледнат најновите трендови во агро бизнисот и да оставарат бизнис контакти за меѓународна соработка.
Ораганизаторите-ПроКредит Банка веруваат дека на ваков начин даваат дополнителен придонес кон поттикнување и поддршка на развојот на агро бизнисот како една од најпотенцијалните гранки во македонската економија.
ПроКредит Банка е лидер во финансиската поддршка за агро бизнис секторот и единствена банка која го обслужува со специјализиран фокус и кадар.