60 денари билет во автобус, ако немате електронска картичка

by Фокус

Од први јануари ЈСП ќе ги поскапи билетите за сите оние кои дотогаш нема да извадат електронски картички, па така еден билет купен во автобус ќе чини 60 денари, наместо досегашните 35 денари. Можноста за купување билет за 30 денари во билетара ќе биде укината. Другата опција за оние кои нема да имаат електронска картичка ќе биде плаќањето со смартфон и така едно возење ќе чини 40 денари. Овие цени ќе важат  и за државните и за приватните автобуси.

Електронските картички ќе бидат задолжителни од први мај, а патниците ќе имаат можност за купување повеќе различни билети: за едно возење, за повеќе возења во 90 минути, за десет возења, ноќен билет, дневен билет, месечен билет, сезонски билет, билет за комбиниран превоз со автобус и жичарница (и лифт), седумдневен билет.

Цената на месечниот билет за студенти и пензионери ќе остане иста, односно 1.050 денари, додека децата без родители или родителска грижа со над 18-годишна возраст заедно со корисниците на правото на социјална помош ќе плаќаат 700 денари за месечен билет.

 

Поврзани новости