554
Љубе Бошковски во 13 часот под полициско обезбедување беше донесен во Специјалното обвинителство од затворот Идризово. Тој е повикан на распит кај специјалната обвинителка, но не е соопштено за кој случај. Неофицијално, ќе биде испрашуван за досието „Кампања“ во кое беше осуден на пет години за нелегално финансирање на изборната кампања.
На Бошковски наскоро му истекува затворската казна за овој случај и се очекува за неколку месеци, најрано во март, а најдоцна во јуни да излезе од затвор.