(Галерија) 50 човечиња во стан од 40 квадрати

by Фокус

Граѓанската акција „Заслужуваме подобро“ денеска на Сквер Јадран, во близина на улицата Максим Горки, организираше перформанс „Македонија вселува – 50 луѓе во 40м2“. Педестетина активисти се сместија во импровизиран стан поставен на Сквер Јадран, алудирајки на гласачите од Пустец на последните избори.

-Оваа слика е причина повеќе да не се дозволи да се организираат избори пред да се заврши со темелна проверка и прочистување на избирачкиот список и да пред да се направат другите реформи кои ќе обезбедат фер и слободни избори. Овие задачи не е можно да се завршат до 24. април. Оваа слика е причина повеќе да испратиме апел до СЈО да продолжи посветено во својата работа, но и апел до надлежните судии да се воздржат од политички одлуки и непристрасно да постапуваат по пријавите на СЈО, се вели во соопштението на организаторите на перформансот.

Поврзани новости