456
Голем број автобуси од различни градови на Македонија дојдоа во Скопје за контра-протестот кој предмалку започна пред Собранието.
Собирот е во организација на Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ), од каде бараат одржување на предвремени избори на 5-ти јуни.
Истовремено, во тек е протестот на иницијативата „Протестирам” кои и вечерва, по деветти пат се собраа пред канцелариите на Специјалното јавно обвинителство.