Денес, во првоаприлски стил, Локалниот Клуб на СДММ во Кавадарци, на градскиот плоштад направи презентација на делата на градоначалникот .
Како што тврдат од клубот, акцент им дале на четирите капитални проекти, кои што беа ветени во предизборната програма, и тоа: подземен коридор, затворен пазар, аква парк и реконструкција на главните улици и булевари во Кавадарци.
„Почитувани сограѓани,
Денеска на 1ви април се собравме тука со цел да ги презентираме делата на градоначалникот Александар Панов од неговиот досегашен осумгодишен мандат.
Тој се што вети во неговата програма исполни. Денеска сме тука да ги претставиме сите негови дела кои сведочат за неговата напорна работа како градоначалник.
Како прво ви ја презентираме најголемата капитална инвестиција за време на неговиот мандат, а тоа е овој импозантен подземен коридор. Со овој коридор, конечно се реши проблемот со сообраќајниот метеж во градот. Исто така, граѓаните добија и едно прекрасно шеталиште.
Понатаму ви го презентираме Аква Паркот во Кавадарци, уште едно дело на Панов. Наместо да го даде на приватен бизнисмен, тој реши да изгради нешто за младите, каде ќе можат во летните периоди да се разладуваат и забавуваат.
Следен е затворениот градски пазар, оваа вистинска зграда убавица, која денес е гордост на Кавадарци. Пазарџиите и купувачите повеќе не мрзнеат во зимските периоди.
И за крај, ви ги претставуваме комплетно реновираните улици и булевари во Кавадарци. Кавадарци денес има најдобри патишта во Македонија, и граѓаните не мора да си ги кршат автомобилите од дупките на улиците.“ – изјави Петар Николов, секретар на ЛК СДММ Кавадарци, пкажувајќи кон обејктите направени од картон и детските пластични колички, кои што предизвикаа смеа кај минувачите.
Вики Клинчарова