Туск и Иванов в понеделник имаат средба во четири очи

by Fokus

Првиот човек на ЕУ, Доналд Туск в понеделник од Словенија ќе допатува во Македонија и ќе се сретне со престедателот Ѓорге Иванов во 14 часот, објави НоваТВ.

Според агендата на Туск, предвидена е средба од половина час во четири очи, без советници и дипломати.

Потоа во 14.30 минути е предвидена изјава на Туск за новинарите. Потоа околу 15 часот Туск и Иванов ќе ручаат, овој пат со своите советници.

Туск нема предвидено средби со други политичари во Македонија.

Поврзани новости