ГАЛЕРИЈА: Груевски на одмор во Израел

by Фокус

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски заедно со своето семејство е на неколкудневен годишен одмор во Државата Израел, соопшти службата за односи со јавност на Владата на Република Македонија.

11780514_10153114592147672_1941633433_n

Инаку, од владиниот кабинет демантираа дека очилата за сонце на премиерот Никола Груевски наводно чинат 60 илјади американски долари, како што се објавуваше на социјалните мрежи. Тие информации се неточни и невистинити и енергично ги демантираме, стои во соопштението од Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Македонија.

Во соопштението се додава дека очилата за сонце воопшто не се дијамантски или луксузни како што неточно се наведува, туку се обични очила за сонце купени по просечна цена какви што може да се купат во секоја обична продавница за очила за сонце во Скопје.

„Фокус“ Ви ги презентира очилата и одблизу, па проценете сами!

Во претходните години, Груевски најчесто одеше на одмор во Турција, на покана на турскиот претседател Реџеп Таип Ергодан.

CKWlAWxWcAE6gvr (2)Овој пат ја сменил дестинацијата, но нема информација дали сега летува на покана на израелскиот премиер. Пред малку провладиниот портал курир.мк ја објави и следнава фотографија од Израел.

gruevski-izrael_thumb_medium500_753

 

Поврзани новости