1K
Православните христијани денеска го одбележуваат празникот Успение на пресвета Богородица, еден од најголемите празници посветен на Мајката Божја. Скопјани традиционално ја посетија црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ во центарот на градот.
Посетителте го почитуваа правилото и носеа маска, но сепак не одржуваа дистанца од 1,5 метар И покрај апелот на МПЦ и здравствените власти.
Со оглед на законските правила и услови донесени од страна на Комисијата за заразни болести, нема да има служење на храна и пијалаци, како и културно-забавна програма.
Фото: Томислав Георгиев