Заев: Ако ВМРО-ДПМНЕ се откаже од своето место за потпретседател, ние ќе ги следиме

by Fokus

Доколку ВМРО-ДПМНЕ се откаже од своето право на потпретседател во Собранието тоа ќе го стори и СДСМ. Ова на новинарско прашање денеска од Македонска Каменица го истакна претседателот на СДСМ и мандатар за составување на Влада на Република Северна Македонија, Зоран Заев кој присуствуваше на одбележувањето на Денот на градот во М.Каменица.

Дебатата на оваа тема според Заев била дали да има три или пет потпретседатели, поради што минатиот состав одлучи да има 5 потпретседатели.
-Ако се откаже ВМРО- ДПМНЕ, ќе се откаже и СДСМ од своето место за што ќе им се укаже шанса на помалите партии. Овој пат се утврди бројката на потпретседатели и навистина и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ можат да имат по еден потпретседател, што значи дека тогаш би останале трите места и за помалите политички заедници во државата. Потпретседател на Собранието зема 100 до 150 евра поголема плата, тоа не е за големината на трошокот, веројатно затоа што имаат поголема канцеларија, но денеска секој пратеник има сопствена канцеларија, но суштината е дали го слушаме гласот на граѓанинот. Ако ВМРО-ДПМНЕ се повлече и ние ќе се повлечеме и ќе отстапиме простор на помалите еве, за да биде бројката и помала. Јас внимателно ја слушав нивната изјава, тие рекоа не го прифаќаме предлогот на Заев, тие можат да се повлечат, ќе видиме како ќе постапат, така ќе се однесуваме, поради тоа што на крајот одговорноста е на сите нас, рече Заев.
Тој изрази надеж оваа генерација на политичари е првата, која вети рационализација на администрацијата.
-Токму заради штедењето на парите кои ги нема бесконечно е и наше право и обврска да кажеме каде најпотребно ќе ги релоцираме тие пари. Затоа и ги намаливме и ресорите на Владата од 26 сега се 19 министри, ќе имаме спојување на многу институции и нивна рационализација да ја покачиме ефикасноста на самата јавна администрација и на институциите кои постојат, додаде Заев од Македонска Каменица, каде со дел од идните министри присуствуваше на свеченоста по повод тројнипот празник во Општината.

Поврзани новости