1.1K
По написите на „Фокус”, инспектори и обвинители ја „тресат“ скопската Клиника за онкологија. Ова следува откако неделникот „Фокус“ објави серијал на текстови поврзани со крадењето скапа биолошка терапија на клиниката, која е воведена од 2019 година.
Според нашите информации, се собираат компјутери, медицински истории од пациенти, кои биле пациенти на оваа клиника.
На Клиниката се влезени Сектор за економски криминал и корупција при МВР и ОЈО.
Ирена Мулачка
ФОТО: Томислав Георгиев