ГАЛЕРИЈА Битола за време на полицискиот час

by Фокус

Во Битола, поточно во хотелот Епинал, беше отворен првиот државен карантин, каде беа сместени наши повратници кои кризата со корона вирусот ги затекна во други држави, па беа вратени во земјава со хуманитарен лет.

Првично, дел од граѓаните реагираа поради тоа што токму нивниот град бил одбран за сместување на потенцијални инфицирани луѓе, но сепак со текот на времето реакциите спласнаа, веројатно кога стана јасно дека нема никаква опасност за опкружувањето.

Како и во поголем дел од државата, така и во Битола денес се почитува забраната за движење со почеток од 21 часот, со оглед дека градот е целосно празен.

Фото: Томислав Гоегиев

Поврзани новости