ГАЛЕРИЈА: Бадник во Соборниот храм, малку верници, испочитувани сите протоколи

by Fokus

Со осветување на погачата и бадниковите гранчиња во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ почна одбележувањето на Бадник, ден пред големиот празник Рождество Христово – Божик.

Во ограничен број, со почитување на сите заштитни мерки и протоколи и во присуство на годинашните кум и здравичар Никола Пановски и Миодраг Врчаковски, беше осветена погачата од страна на архипископот на Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија, г.г. Стефан.

Бадниковите гранчиња беа делени на главниот влез на црквата и на влезот од страната на камбанаријата, а изостанаа и традиционалните детски бадникови поворки како предвесник на утрешниот христијански празник Рождеството Христово – Божик.

Поради пандемијата, годинава изостана вообичаеното масовно одбележување пред Соборниот храм, а не се одржаа ниту традиционалните детски бадникови поворки како предвесник на утрешниот христијански празник Рождеството Христово – Божик.

 

Фото: Томислав Георгиев

Поврзани новости