ВИДЕО Божиќна порака од „Бекутан“ и „Дајте музика“: По дождот секогаш следува сонце

by Fokus

По дождот секогаш следува сонце! Нека сонцето во 2021 силно сјае за сите!, е пораката што ја испраќаат децата протагонисти од серијалот „Дајте музика“.

Во вонредни околности и со почитување на сите мерки, во соработка со брендот „Бекутан“ тие снимија видеоспот во кој пораката е дека љубовта е најголемиот податок. Спотот го спакуваа заедно со продукцијата „Еден на еден“ со режисерот Зоран Зонде Стојановски. Покрај изведбата на песна од Каролина Гочева, децата од „Дајте музика“ во видеото зборуваат и за тоа што најмногу им недостасувало во 2020 година, па ги набројуваат дружењето, патувањата, гушкањето со другарите и со другарките, концертите, насмевките без маски, а, неверојатно но вистинито, дури и училиштето.

Продуцентката на серијалот, Цаци Паковска, истакна дека овој предизвик за екипата бил огромен, но оти биле на висината на задачата.

-Дечињата, пред сè, се актери, а требаше да отпеат песна од Каролина Гочева и беа премногу возбудени и исплашени како ќе го изведат сето тоа и како ќе звучат, па во текот на подготовките, кои траеја околу месец и половина, имаа дури и часови по пеење. Одговорноста беше уште поголема бидејќи работевме проект за бренд каков што е ’Бекутан‘, а тука, исто така, не смееше да има компромиси. Сепак, мислам дека крајниот производ е одличен, а целата екипа на ’Дајте музика‘ беше на висина на задачата, вели Паковска.

Од „Бекутан“ велат дека идејата е на сите дечиња да им подарат среќа и љубов, спакувани во прекрасна видеопорака.

-Повеќе од 40 години постоиме за најмилите. Многу генерации се врзуваат со приказната за ’Бекутан‘, а искрената љубов и посветеност, внесени во секој еден производ, се оние што го прават ’Бекутан‘ различен и единствен. Овие празнични денови љубовта има посебна димензија, а близината со нашите најсакани е важна повеќе од кога било досега. На сите наши бекутанчиња сакаме да им подариме среќа и многу љубов, спакувани во прекрасно видео, и порака посветена на чистото детско срце. Да не заборавиме да подаруваме добрина и да учиме од детската искреност! Ви благодариме за секоја година помината со нас, изјави Маја Мизо, менаџер на брендот „Бекутан“.

Инаку, музиката и аранжманот на песната се на Никола Мицевски, текстот е на Весна Малинова, а песната е дел од албумот „Извор“ на Каролина Гочева-Корубин, чиј издавач е „Авалон продукција“. Кореографијата за видеозаписот ја подготви студио „Еурека“.

Поврзани новости