Новинарот во весникот „Ла Верита“, Ларис Гајсер, кој ги објави снимките од случајот „Рекет“ што ги поседува и обвинителството, во денешно интервју за една радио-емисија изјави дека одлучил јавно да ги објави материјали стравувајќи од, како што вели, од уништување на доказите.
-Не спиев од страв дека луѓето од снимките ќе негираат дека се тие. Нешто што е сосема легитимно. Но, сите признаа дека се работи за нив. Се стравуваше дека ќе исчезнат доказите, затоа јавно ги објавивме – вели Гајсер.
Според него, после овие снимки политичката кариера на македонскиот премиер Зоран Заев е готова, бидејќи, истакнува тој, тој веќе нема меѓународен кредибилитет.
-Јас мислам дека Заев е проблемот, а не е решението. Ова значи дека Македонија во овој момент, од меѓународна гледна точка има премиер кој прави штета на земјата. Тој треба да се смени што е можно побрзо – смета новинарот.
Тој оцени дека чиста измислица е тврдењето дека е продолжена рака на Орбан и Салвини, посочувајќи дека не ги познава.