На Боки 13 и Кичеец притворот им е продолжен за уште 30 дена

by fokus
Бојан Јованоски и Зоран Милевски -Кичеец, осомничени во истрагата „Рекет“, остануваат во притвор во истражниот затвор „Скопје“, бидејќи мерката притворот им е продолжена за уште 30 дена.
-Заради интерес на повеќе медиуми, ја информираме јавноста дека –
Кривичниот совет при Основниот кривичен суд – Скопје постапувајќи по
предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал
и корупција за продолжување на мерката притвор за Б.Ј. и З.М. опфатени
во предметот во медиумите познат како „Рекет“, по разгледување и ценење
на фактите и доказите донесе решенија со кои го прифати предлогот и ја
продолжи мерката притвор за нови 30 дена.
Со почит Основен кривичен суд – Скопје.

Поврзани новости