Во време кога партиите преговараат дали дијаспората да се исклучи од избирачкиот процес, дали да се измени моделот или сосем да се укине гласањето на дијаспората Фокус потсетува на Издвоеното мислење на уставните судии Наташа Габер Дамјановска и Бранко Наумовски. Пред три години кога Уставниот суд расправаше за иницијативата на неколкумина граѓани дека пратениците од дијаспората се стекнуваат со мандат со минимален број гласови, а со тоа гласовите на граѓаните немаат еднаквост, одлучи да не покрене иницијтива, односно изборниот модел со тројца пратеници од дијапората да остане озаконет.
http://www.ustavensud.mk/domino/WEBSUD.nsf
Од таа причина, сметаат Габер и Наумовски, дека спорно правно прашање во овој случај е дали оспорените одредби кои се однесуваат на тројцата пратеници ја нарушуваат еднаквата вредност на гласовите на домицилните гласачи наспорти оние кои гласаат надвор од границите на државата ценето од аспект на уставните гаранции за еднаквост на граѓаните пред Уставот, но и на еднаквоста, општоста и непосредноста на избирачкото право.
„Законски определениот праг од најмалку 2 проценти од запишаните избирачи за пратеничките места на исселениците преставува оскудно замислен инструмент кој сам по себе ни приближно не може да го гарантира начелото на еднаквост на гласот. Теоретски, еднаквоста на гласот во правна смисла означува фактичка или нормативна потврда на еднаквиот капацитет или еднаквата положба на лицата, генерирајќи потреба од дистрибутивна праведност. Тоа вклучува четири карактеристики и тоа еднакво земање предвид на секого во истоветна рамка за донесување одлуки (секој се брои како еден во сумарната постапка), остварување на еднаков тетман на сите во смисла дека сличните ситуации треба да се третираат на ист начин, постоење еднаквост на дистрибуцијата во смисла дека секое лице мора да добие еднакво количество од некое добро, право или бенефиција и постоење на еднаковст во исходот во смисла дека еднаквиот третман бара лицата да се најдат финално во исти услови земајќи ја предвид нивната состојба пред дистрибуцијата на правото и прилагодувањето кон она што би требало да биде дистрибуирано еднакво“.- напишале Габер и Наумовски во Издвоеното мислење.
Тие потсетуваат на бројките според кои за едно домицилно пратеничко место во 2002-та биле потребни 9.960 гласови, во 2006-та- 8.100, во 2011-та- 9.600 наспроти пратениците од дијаспората кои се добиени дури со шест пати помал број на гласови. На пример карактеристичен е примерот со 9-тата изборна единица во која пратеникот победил со 548 гласа или со 17 пати помал број гласови од домицилниот просек.
Во конечниот извештај на ОБСЕ/ОДИХР се наведува дека органите на власта треба да го ревидираат постојниот систем на распределба на мандатите на изборните единици надвор од земјата, за да се обезбедат сигурност дека потребните гласови од дијаспората за избор на пратеници нема значително да го поттценуваат избирачкото право што е гарантирано со Уставот.
За споредба Габер и Наумовски го посочуват примерот со Хрватска која има 10 изборни едници од кои произлегуваат 14 мандати, а дијаспората е една едница која дава исто така 14 мандати. Хрватската дијаспора се проценува дека има 400 илајди гласачи. Еднаквоста на гласот се обезбедува на тојначин што вкупниот број добиени гласови се дели со бројот на пратениците или со 140, со што се добива „цената“ изразена во гласови на едно пратеничко место на тие конкретни избори, а потоа тој добиен број се дели со вкупниот број гласови добиени во дијаспората. Така се определува, во зависност од излезеноста, бројот на мандати кои дијаспората ги дава во Хрватска, што практично значи дека бројот на овие рпатеници зависи од бројноста на излезените гласови во дијаспората.
„Финално би сакале да потенцираме дека член 4 став 3 од оспорениот законски дел сериозно го нарушува уставно загарантираното право на еднаквост на гласот. Притоа законодавецот во недеоволна мерка ги операционализирал условите и претпиставките под кои тоа право ќе се оствари и со тоа предизвикал состојба на нееднаковст а избирачкото право помеѓу домицилниот гласач наспрема оној кој живее во странство, а со тоа и нееднаквост на легитимитетот на пратениците избрани во Македонија наспроти оние од странство“- заклучуваат двајцата уставни судии.
Гласањето на дијаспората има два спорни аспекта. Првиот е нееднаквоста на гласот бидејќи пратеник од дијаспората се избира со 900 гласови, а во земјата во просек со 8 илјади гласови. Вториот е финансиската нееднаквост кога се трошат пари за испраќање на избирачки одбори на речиси сите континенти.
-Само за тројца пратеници од дијапсората се трошат од 1,1 до 1,3 милиони евра или 25 до 30 проценти од буџетот, имаше изјавено Дарко Алексов од МОСТ.
Не може а да не се помисли дека влијание врз одлуката на Уставниот суд да не покрене иницијатива имала политиката. Имено, како и за многу други прашања актуелниот состав кој важи за близок до власта, за да не ја загрози агендата на партиите на власт замолчува пред сериозни прашања со кои се крши Уставот. Сега секако дека се во работната група формирана од преставници на политичките партии- како таа ќе постапи во однос на гласањето на дијаспората.