549
Александар Ѓорѓиев, портпаролот на Владата во изјава за „Фокус“ тврди дека манифестацијата „Црвен тепих“ е закажана и официјално објавена пред три недели и дека тоа нема никаква поврзаност со најавените студентски протести.
– Настанот е закажан пред три недели, а во истиот период одеше и јавна објава во медиумите, во кои граѓаните кои сакаа да ја посетат оваа манифестација да се информираат за процедурата за нивна апликација. Ова е редовна манифестација, која се одржува секоја година и која што е дел од политиките за отвореност и транспарентност на владата – истакна Ѓорѓиев.