Годинава лицата со ниски примања нема потреба да доаѓат на шалтерските служби во Фондот, со цел да го продолжат правото на здравствено осигурување кое им го покрива државата преку Министерството за здравство, соопштија од ФЗОМ.
„Оваа година продолжува автоматската пререгистрација и затоа сакаме да ги известиме лицата со ниски примања, кои во минатата година оствариле нето приход под 144.000 денари дека нема потреба да дојдат во подрачната служба на Фондот да се пререгистрираат и нивното здравствено осигурување автоматски ќе се продолжи. Да информираме дека лимитот според кој граѓаните го остваруваат ова право бележи континуиран раст од 96.600 денари во 2014 година до 115.080 денари во 2015 година, 120.960 денари во 2016 година и 144.000,00 денес што е последица на растот на минималната плата“, соопштија од ФЗОМ.
Од Фондот информираат дека автоматски ќе ги пререгистрира и лицата кои последните два месеци оствариле приход помал од 24.000денари, а се во категоријата на осигуреници кои оствариле приход од 144.000 денари до 204.480денари минатата година. Другите две категории осигуреници кои плаќаат 50% или 100% од здравствениот придонес на просечна плата, ако се во рамките на лимити 144.000 денари до 204.480 денари, исто така не е потребно да дојдат да се пререгистрираат на шалтерите на подрачните служби на Фондот.
На осигурениците на кои автоматски ќе им се продолжи здравственото осигурување, нема да добиваат нови решенија по пошта. Лицата на кои нема да им се продолжи здравственото осигурување поради повисоки приходи од наведените лимити ќе добијат решение по пошта и ќе треба да дојдат во подрачната служба да го регулираат своето здравствено осигурување.
Лицата кои ова право не го искористиле и не се во базата на Фондот, а се во овие категории на приходи потребно е да дојдат и да се пријават на шалтерите во подрачните служби на Фондот. Исто така и лицата кои првпат поднеле пријава за здравствено осигурување во текот на месец јануари 2018 година потребно е да дојдат на шалтерите во Фондот повторно да се пријават, согласно сегашните објавени законски лимити, бидејќи истите за 2017 година се зголемени со цел да го остварат правото на здравствено осигурување.
Бројката на лица кои поднеле првпат барање во јануари 2018 година изнесува 3953 лица и истите потребно е да дојдат и да се пререгистрираат. Воедно и лицата кои имаат промена во висината на нето приходите, потребно е да дојдат во подрачните служби на Фондот од 1 февруари до 31 март оваа година и да донесат документи за нова пререгистрација, известуваат од ФЗОМ.
„Потенцираме дека како приходи на семејство се сметаат личните и приходите на членовите на носителот на здравственото осигурување ( брачен другар, деца).
Новите лимити за здравствено осигурување согласно нето приход остварен во 2017 година изнесуваат:
До 000,00 денари – здравстеното осигурување е на товар државата, односно Министерството за здравство плаќа придонес за здравствено осигурување;
Од 000,00 денари до 204.480,00 денари ако во последните два месеца оствариле вкупен приход помал од 24.000,00 денари – здравственото осигурување е на товар државата, односно Министерството за здравство плаќа придонес за здравствено осигурување
Од 000,00 денари до 204.480,00 денари – здравственото осигурување го плаќа осигуреникот во износ од 50% на просечната плата односно, плаќа 1.244,00 денари месечно придонес;
Над 480,00 денари – здравственото осигурување го плаќа осигуреникот во износ од 100% на просечната плата односно плаќа 2.488,00денари, месечно придонес.
Доколку се утврди дека осигуреното лице спаѓа во друга категорија со повисоки приходи, а не пријавило дека има приходи и користело здравствени услуги, Фондот по службена должност ќе донесе решение за престанок на својството на осигурено лице, со што му се укинуваат правата од задолжителното здравствено осигурување, освен правото на итна медицинска помош“, се вели во соопштението на ФЗОМ.