564
Македонија беше потресена од смртта на 11-годишната Ева Крстановска од охридското село Коњско. Таа боледуваше од редок вид на леукемија а како што пренесоа од ФЗОМ, било донесена одлука девојчето да се лекува во Турција.
„ФЗОМ е законски обврзан да донесе одлука во рок од 48 часа за болницата каде што ќе се лекува пациентот. На 28.06 ја донесовме одлуката Ева да се лекува во турската болница каде што со издвоените средства од 145 илјади евра требаше да се изврши трансплантација на коскена срцевина и хемо-терапија
Службите од ФЗО излегоа во пресрет на барателот и стапија во контакт со германската болница, но оттаму повторувам не добивме никаква понуда“, посочи директорот на ФЗОМ, Дон Дончев.