Филипче: Можеби звучи малку, но платите на здравствените работници ќе се зголемат за пет отсто

by fokus

Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес-конфереција информираше дека е договорено зголемување на платата на здравствените работиници за пет отсто.

„Зголемувањето ќе започне да се применува со исплатата на септемвриската плата и тоа значи реализација на уште една точка на програмата за работа на оваа Владата на Република Македонија. Со потпишувањето на оваа спогодба од Министерството за здравство и Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита на Република Македонија, ќе се зголеми основицата за пресметување на плата за вработените од 12.654 на 13.286 денари“, рече Филипче.

Како што посочи Филипче, оваа Влада работи на враќање на дигнитетот на здравствените работници, иако на прв поглед како што вели, можеби ова зголемување е мало, но најави дека ќе дојдат подобри времиња за лекарите и останатите работници во здравството

„Ние огромно внимание посветуваме на враќањето на дигнитетот на здравствените работници. Можеби звучи малку, меѓутоа тоа е само еден дел од нашата многу широка програма како ќе ги зголемиме примањата на на сите вработени во јавното здравство“, додаде министерот за здравство.

Поврзани новости