Функционерите на власта се главни сведоци за прислушувањето

by Фокус

Сведоци на ВМРО-ДПМНЕ на Анкетната комисија за прислушувањето ќе бидат актуелниот премиер и претседател на партијата Никола Груевски, вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска. Пратеникот на ВМРО ДПМНЕ Антонио Милошоски пред почетокот на денешната седница на собраниската Анкетна комисија за скандалот со прислушувањето рече дека ВМРО-ДПМНЕ ќе побара нивните сведочења да бидат зад затворени за јавноста, оти целта била да се утврди вистината, а не да се прави театар.

СДСМ пак ќе ги повикаат како сведоци и Миле Јанакиевски и Сашо Мијаков, како и Мартин Протуѓер. Освен распит на сведоци, комисијата ќе изврши и посети во неколку институции. Предвидено е двете активности да се одвиваат паралелно почнувајќи од понеделник, 7 декември до 22 јануари идната година, а потоа до конечниот извештај којшто треба да биде готов на 31 јануари доколку е потребно ќе се направат дополнителни посети на институции и сослушување експерти.

 

Поврзани новости