Фуере и Ванхауте: Избори на 5 јуни се невозможни, Иванов да ја повлече аболицијата

by Фокус

Избори во овие околности само ќе ја влошат кризата, а претседателот Ѓорѓе Иванов мора да ја повлече одлуката за аболиција и да поднесе оставка, тврдат поранешниот амбасадор на ЕУ во Македонија, Ерван Фуере и Питер Ванхауте, белгискиот експерт, кои денеска учествуваа на трибината „Трибунус цивилис“.

– Се плашам дека ситуацијата е многу полоша. Не може да се каже дека постои демократија во Македонија. Шансата беше минатата година со политичкиот договор потпишан од лидерите на политичките партии, но сите обврски од него не се испочитувани. Можеби по нешто да, но имаше сериозни потценувања на политичкиот договор. Сега имаме датум за избори закажан на 5. јуни, но нема услови за тоа. Пред да се одржат изборите потребна е построга оценка на условите. Верувам дека треба да се земе предвид иднината на земјата, бидејќи избори во овие околности само ќе ја влошат кризата – вели Фуере.

Фуере додава дека одлуката на Иванов е скандалозна, дека мора да ја повлече веднаш и со добра волја да поднесе оставка од функцијата.

 

Поврзани новости