Finance Think: Мерката на НБМ ќе поттикне пораст и на банкарските камати

by Фокус 14:27
14:27

Зголемувањето е последица на шпекулациите на девизниот пазар за девалвација на вредноста на денарот во однос на еврото, што резултираше со засилена побарувачка на странски платежни средства и истовремена засилена понуда на денари. Со цел извлекување вишокот денарска понуда од системот, НБРМ реагира на начин на кој би го одбранила курсот, како што и претходно најави, велат од Finance Think.

ФТ и понатаму е на став дека нема економска оправданост од девалвација на денарот. Продолжувањето со шпекулации и конверзија на денарите за девизи, единствено дополнително ќе ја притиска основната каматна стапка нагоре, и може да доведе до пораст на банкарските каматни стапки во скоро време. Таква епизода во Македонија видовме во 2009 година.

- Advertisements -

Finance Think укажа на ваквите можни случувања уште пред десет дена:

„Finance Think укажува дека подгревањето на шпекулациите за девалвација, сепак може да има штетни ефекти врз економијата и во услови кога девалвација нема. Интервенцијата на централната банка на девизниот пазар првенствено ќе влијае врз пораст на референтната каматна стапка на благајничките записи, која потоа може да поттикне пораст на останатите каматни стапки во банкарскиот систем (како што се каматите на кредитите со варијабилна каматна стапка).“

Поврзани новости